Најновиот модел на Porsche 911 пристигна на скопскиот асфалт

Од:

Во јубилејната 50 година од појавувањето на првиот легендарен  модел Порше 911, деновиве во Македонија пристигна најновиот модел на овој престижен и ексклузивен спортски автомобил. Овој спортски убавец препознатлив по својот моќен звук на моторот, техничка перфекција и софистицираност, Порше 911 ќе плени погледи по скопските улици.

Carrera 3

Како ниеден друг автомобил, Порше 911 претставува хармоничен спој на противречности: на спортски дух исекојдневна практичност, на традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, на дизајн и функционалност. Фери Порше најдобро ги опиша оригиналните квалитети кои ги носи со себе овој автомобил: 911 е единствениот автомобил кој може да се вози на Африканско сафари, на трките во Ле Ман, или низ Њујоршкиот сообраќај, кој денеска е вистинска асоцијација за типичен спортски автомобил, репер за сите други.

Новото Порше 911 го има во две верзии: Carrera и Carrera S со 3,4 односно 3,8 литарски боксер мотор, со директно вбризгување на горивото (DFI) и VarioCam Плус кој развива до 350 т.е 400 коњски сили соодветно при 7.400 вртежи во минута. Забрзувањата се фантастични. Кај  Carrera за 4,6 секунди до 100 км/час, а кај Carrera S за 3,9 секунди од 0-96 км/час и може да се пофали со максимална брзина од297 километри на час.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on