Во традиционалниот годишен избор за најдобар светски автомобил, чие финале се одржа на саемот на автомобили во Њујорк, победи моделот „ Мазда МХ-5“.
Овој автомобил освои уште едно признание – за најдобро дизајниран модел.
За титулата „Светски автомобил 2016.“ (World Car of the Year 2016.) покрај „Мазда МХ-5“ конкурираа уште двојните финалисти „Ауди А4/А4 Авант“ и „Мерцедес ГЛЦ“. Освен вкупниот победник, избрани се и најдобрите модели во категориите на луксузни, спортски, еколошки и најдобро дизајниран автомобил.
Со титулата најдобар луксузен автомобил награден е новиот „БМВ Серија 7“, што победи пред „Ауди Ку7“ и „Волво ХЦ90“.
Признанието за најдобар меѓу спортските модели му припадна на „Ауди Р8“, што тријумфираше во конкуренција со „Хонда Цивик Тејп Р“ и моделот „Мерцедес АМГ Ц63 Купе“.
„Тојота Мираи“ со погон на водородни горивни ќелии, што место штетни издувни гасови во атмосферата емитува само чиста водена пареа, е прогласен за „светски автомобил на годината со најдобри еколошки карактеристики“. Покрај овој модел, финалистите во оваа категорија беа електромобили со продолжен радиус на движење -„Шевролет Волт“, и уште едниот модел на „Тојота“- „Приус хибрид“ од четвтрата генерација.
На крајот, најдобро дизајниран автомобил за 2016 година стана, исто така, „Мазда МХ-5“, што победата ја однесе пред уште едниот модел на „Мазда“, СУВ моделот „ЦХ-3“, и „Јагуар ХЕ“.