Наградниот фонд на овогодишниот Ролан Гарос ќе биде зголемен за 12 отсто на 36 милиони евра, со што победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,1 милион.
Вкупниот фонд од 36 милиони евра е поголем за четири милиони во однос на минатата година. Најголемо зголемување од 16 отсто е за играчите кои ќе ги загубат натпреварите меѓу првото коло и четвртфиналето.
Победниците во двете конкуренции ќе добијат по 2,1 милион евра, што е за 100 илјади повеќе во однос на лани.
Натпреварите почнуваат на 22 мај, а тутули бранат Шпанката, Гарбиње Мугуруза и Новак Ѓоковиќ.