Во Кавадарци викендот се одржа Награден турнир за карате кати, за натпреварувачи родени 2004-2006 година, како и Државно првенство во карате за натпреварувачи од 11-14 години. На натпреварот учество земаа околу 400 натпреварувачи од 53 клубови од Македонија.
Натпреварот се одржа во организација на Карате федерацијата на Македонија, а домаќин на натпреварот беше КК „Урбан Инвест “од Кавадарци.
– На натпреварувањето во кати освоивме значајни резултати како и секогаш. Во категоријата награден турнир за деца златен медал освои нашиот Петар Аврамов. Во категорија натпреварувачи родени 2004 година бронзени медали освоија ката тимот составен од натпреварувачи родени 2004/2006 година во состав Петар Аврамов, Томе Ѓондев и Кристијан Стојев, како и ката тимот 2004/2006 во состав Данка Стојкова, Цветанка Стојева и Јована Манева, истакна денеска тренерот на Урбан инвест, Ивана Аврамова.
Младите каратисти од тој клуб и на државното првенство исто така постигнаа успех. На државното првенство за натпреварувачи од 11-14 години златни медали освоија Владанка Аврамова, како и нашиот ката тим составен од натпреварувачки родени 2002/2003 година. Ивана Муфтарова освои сребро, а Миа Маневска и Моника Коц бронза.
Државното првенство за натпреварувачи од 11-14 години воедно беше и изборно за Балканско првенство што ќе се одржи на 14-15 јуни 2014 година во Истанбул. Пласман за настап на Балканско првенство остварија четири наши млади каратистки во поединечна конкуренција и ката тимот во екипна категорија, соопшти Аврамова.
Натпреварите се одржаа во спортската сала Јасмин во Кавадарци.