Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал се пласираше во четвртото коло на Ролан Гарос. Вториот рекет на светот за 1 час и 37 минути денеска го совлада Стефано Траваља од Италија.
Противник на Надал во осминафиналето ќе биде победникот во квалификациите, Американецот Себастијан Корда. Дваесетгодишниот Американец, кој е син на поранешниот чешки тенисер Петр Корда, во едно интервју изјави дека својата мачка ја именувал по Надал, кој му е голем идол.
Грен слем турнирот, Отвореното првенство на Франција, се игра за награден фонд од 38 милиони евра.