Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави отворање на својата академија во албанскиот град Драч.

Комплексот ќе се состои од 12 тениски игралишта и уште шест за падел.

Во присуство на албанскиот премиер Еди Рама, веста беше објавена за време на отворањето на хотелот на Надал во одморалиштето Коста Брава во Каталонија.

„Ми се допадна визијата на Албанија за промоција на спортот и неговите вредности. Сигурен сум дека проектот ќе биде успешен“, рече Надал.

Во оваа прилика говореше и Рама.

„Имаме голема привилегија, но и одговорност да соработуваме со ваков исклучителен спортист и човек. Ни кажаа дека е невозможно да ги донесеме неговите планови во Албанија, но успеавме. Стапивме во контакт со неговото семејство и луѓето кои ги водеа неговите тениски центри и добивме по е-пошта одговор дека соработката е можна“, рече Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

А1он

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“