Првиот носител на турнирот во Барселона Рафаел Надал успеа да се пласира во полуфиналето откако попладнево го совлада Фабио Фоњини со 2:0 во сетови (6:2 и 7:6 во гемови). Мечот траеше 110 минути, а во вториот сет Фоњини не успеа да искористи сет топка.
Противник на Надал во полуфиналето ќе му биде победникот од последното четвртфинале меѓу Филип Колшрајбер и Андреј Кузњецов.
Во првото полуфинале ќе играат Кеи Нишикори и Беноа Пер. Нишикори (ја брани титулата во Барселона) има серија од 13 победи на турнирот и денеска го победи Александар Долгополов со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0 во гемови), додека Пер беше поуспешен од Малек Џазири со 2:1 во сетови (3:6; 7:5 и 6:1 во гемови).