Надал се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Рим

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Рим откако попладнево по голема борба го совлада Ник Кирјос со 2:1 во сетови.

Првиот сет со 7:6 во тај брекот (7:3) го доби Кирјос, додека следните два му припадна на Надал со 6:2 и 6:4. Во следната рунда Надал ќе игра со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Томаш Белучи.

Изненадување денеска преставуваа елиминацијата на двајцата швајцарски тенисери Рожер Федерер и Стан Вавринка. Федерер загуби со 2:0 во сетови од Доминик Тием, додека Вавринка е поразен од Хуан Монако со 2:1 во сетови.

Пласман во четвртфиналето обезбедија уште и Кеи Нишикори, Енди Мареј и Лукас Луиле. Покрај мечот Ѓоковиќ – Белучи вечерва играат уште Томаш Бердих и Давид Гофин.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ