Надал пред натпреварот со Кириос: Стар сум за расправии

Од:

„Има многу работи кои треба да се подобрат, но тоа е единствениот начин – да го освојам првиот натпревар. Утре доаѓа нов ден, тренинг, а потоа нов меч. Ден за ден, чекор по чекор. Се надевам дека ќе бидам подготвен“.

Ова го изјави шпанската ѕвезда Рафаел Надал по стартот на „Вимблдон“ и првата победа на Гренд-слем турнирот во Лондон.

За следниот ривал – лошото момче на австралискиот тениски Ник Кириос, со кого разменија негативни зборови – Рафа Надал одби да влезе во вербална престрелка.

Кириос објави дека Надал „не знае да губи“, а Шпанецот го критикуваше дека „не ја почитува публиката, противникот и себе си“.

– Премногу стар сум за овие работи, премногу години сум на турнејата. Стојам на она што сум го рекол, но тоа е се. Не сум човек кој ќе биде во непријателсски односи со некого. Тука сум за да уживам во играта. Ја сакам можноста да играм на ова прекрасно место и да уживам во добра игр, рече Шпанецот.

Во врска со квалитетот на противникот, Надал сепак изјави: „Тој е еден од најголемите таленти. Многу опасен играч кога сака да игра тенис. Вообичаено го прави тоа кога се исправа против големите имиња. Ќе се борам за успехот, тоа е многу тежок натпревар за втори круг“.

Ник Кириос сепак не пропушти да подметне коментар во свој стил, велејќи дека едвај „ќе седне да пие пиво со Надал“, но најави дека нема трпение да излезе за дуелот и ќе згреши ако не пристапи сериозно.

Би можело да ве интересира

Алкараз се надева на победа-има психолог кој му помага да се соочи со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон

Жабер втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон

Дали чувствуваш вина зошто си од Русија-Англичаните навиваа за Русинот против Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Вимблдон

Лани играше финале на Вимблдон, сега се повлече од турнирот

Катерина Ѓуровски