Надал: Освојувањето на трофејот ми дава голема енергија

Од:

Победникот на US Open, Рафаел Надал, беше воодушевен по освојувањето на втората Грен слем титула во 2017 година и вкупно 16. во својата кариера.

Шпанскиот тенисер ја оправда улогата на фаворитот во финалето на против Кевин Андерсон и убедливо триумфираше во три сета.

– Ова беа посебни две недели за мене. Но, пред да почнам да зборувам за себе, сакам да му честитам на Кевин. Тој е одличен пример за децата и за другите на АТП турнејата дека е можно да се врати по повреда во најдоброто издание, рече Шпанецот по новата грен слем титула.

Надал го освои третиот US Open, по триумфот на 2010 и 2013 година. Ова му е петти трофеј оваа година.

– Што се однесува до мене лично, ова е неверојатно. По неколку години во текот на кои имав проблеми со повреди, од почетокот на оваа година, беше многу емотивно. Од отворањето на Австралија, играм тенис на високо ниво. Освојувањето титула овде во Њујорк ми дава голема енергија, бидејќи публиката тука е неверојатна. Тие ме направија толку среќни, додаде Шпанецот по освојувањето на третиот US Open.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај