Надал обезбеди пласман во полуфиналето во Монте Карло

Од:

11-кратниот шампион Рафаел Надал постигна 71-ва победа на тенискиот турнир од сериите „Мастерс“ во Монте Карло и за 14-ти пат се пласираше во полуфиналето. На „Кралот на земја“ му беа потребни 2 часа и 20 минути, за да го елиминира човекот со најмногу победи на земја (14) оваа сезона – Гидо Пеја, со 7: 6 (1), 6: 3.

Аргентинецот се бореше достојно и го правеше натпреварот непријатен за противникот, а во првиот сет имаше можност и да направи големо изненадување и да го освои. Во вториот играта не беше толку изедначена и Надал полесно успеа да го затвори натпреварот во своја полза.

Рафа ќе игра во полуфиналето против Борна Чориќ или Фабио Фоњини, а негови ривал во финалето ќе биде некој помеѓу Данил Медведев и Душан Лајовиќ.

Големите фигури во светскиот тенис, со исклучок на Матадорот, испаднаа пред полуфиналето на Монте Карло, со што Надал стана уште посериозен фаворит за 12-тиот трофеј од турнирот во Кнежеството.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал