Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, годинава нема да учествува на Ролан Гарос, пренесуваат шпанските медиуми!
Како што соопшти шпански Релево, големиот шампион кој 14 пати го освои Ролан Гарос, нема да игра во Париз.
#ÚltimaHora Rafael Nadal se pierde Roland Garros.
📌 El tenista balear no se ha recuperado de su lesión y no podrá acudir al torneo que ha ganado 14 veces.
📌 De momento, no tiene fecha de regreso.
✍️ @NachoEncabohttps://t.co/fHPgt8Oo3r
— Relevo (@relevo) May 17, 2023
Надал не се натпреварувал откако во солзи го заврши Австралија опен на 18 јануари, каде исто така се повреди.
Засега Шпанецот сигурно нема да се врати барем до Вимблдон, но и тоа не е дефинирано бидејќи нема конкретен датум кога ќе се врати.
Надал минатата сезона го освои Ролан Гарос, па ќе загуби уште 2.000 бода, што значи дека по Ролан Гарос ќе има само 445 бодови со што во моментов би го донеле 136. место на АТП листата.