Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му овозможи на Босанецот Дамир Џумхур да го направи најголемиот успех во својата кариера со пласманот во 3. коло на Мастерсот во Мајами.
Надал при реултат 1-1 во сетови и 3:0 во гемови за Џумхур го предаде мечот поради исцрпеност од високите температури.
Шпанецот побара лекарска интервенција, му мереа крвен притисок и на крај се одлучи да не го доигра мечот.
На машкиот дел од турнирот од фаворитите ноќеска пласман во 3.коло изборија Енди Мареј и Жо-Вилфред Цонга.
Кај тенисерките од фаворитките во следната фаза се пласираа Агњешка Радванска, Симона Халеп и Серена Вилијамс.