Надал ја доби петчасовната пресметка со Тим

Од:

Првиот носител на Грен слемот во Њујорк, Рафаел Надал (Шпанија) се пласира во полуфиналето, откако утринава по голема борба го совлада Доминик Тим од Австралија.

Мечот кој траеше нешто помалку од пет часа беше решен во пет сет. Тим одлично почна и го реши првиот сет со 6:0. Следуваа 6:4 и 7:5 за Надал. Четвртиот и петтиот сет беа одлучени во тај-брејк. Прво Тим изедначи по 7:4 во тај-брејкот во четвртиот сет, за потоа Шпанецот по 4:5 да дојде до 7:5 во тај-брејкот од петтиот сет з аконечен триумф.

Противник на Надал во полуфиналето на US Open ќе биде Хуан Мартин дел Потро од Аргентина.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на мечевите: Чилиќ – Нишикори и Ѓоковиќ – Милман.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест