Шпанецот Рафаел Надал попладнево го победи Аргентинецот Диего Шварцман во три сета, 6:3, 6:3, 7:6 (7:0), во полуфиналето на Грен слемот Ролан Гарос. Средбата траеше 3 часа и 12 минути.
Надал стигна до решавачкиот натпревар на Отвореното првенство на Франција четврти пат по ред и 13-ти пат во кариерата. Шпанскиот ас досега нема загубено финале на престижниот турнир.
Ривалот на Надал ќе се знае по вечерашниот меч на првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ и Гркот Стефанос Циципас.
Вкупниот награден фонд на парискиот Грен слем изнесува 38 милиони евра.