Надал испадна од УС Опен

Од:

Лошата форма на Рафаел Надал продолжи и на УС Опен, имено некогаш најдобриот светски тенисер загуби веќе во третата рунда од Италијанецот Фабио Фоњини.

Надал добро го отвори мечот и после првите два сета поведе со 2:0, тогаш она што се чинеше како лесна победа за фаворитот се претвори во сензационален пораз. Во третиот сет Фоњини успеа да влезе во ритам, направи неколку брејка на самиот почеток од третиот и четвртиот сет што целосно му ја врати самодовербата, па на крајот славеше со конечни 3:6, 4:6, 6:4, 6:3, 6:4 за пласман во осминафиналето.

Фоњини во следната рунда ќе се сретне со Фелицијано Лопез, кој во својот меч од третата рунда славеше над Милош Раониќ со 3-0 во сетови.

Надал разочаран го напушти теренот, свесен дека е прекината неговата серија од 152 победи кога на гранслем турнирите имал предност од 2-0 во однос на некој ривал.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2