Надал и Ферер нема да играат на централниот терен

Од:

Мечот од четвртфиналето на шпанските тенисери Рафаел Надал и Давид Ферер што воедно е и реприза на ланското финале ќе се игра на вториот по големина терен на Ролан Гарос – „Сузан Леглен“.

Ваквата одлука на организаторите е малку чудна, но сепак треба да се има во предвид дека единствениот домашен тенисер (Французин) во завршницата Гаел Монфис би требало да игра во исто време со Британецот Енди Мареј.

Тоа воедно се последните два четвртфинални меча кај мажите откако е позната првата полуфинална двојка Новак Ѓоковиќ – Ернест Гулбис.

Инаку, први на двата терена ќе се појават тенисерките во двата четвртфинални меча: Сара Ерани (Италија) против Андреа Петковиќ (Германија) и Светлана Кузњецова (Русија) против Симона Халеп (Романија).

Во првото женско полуфинале ќе играат Марија Шарапова (Русија) – Еугени Бушар (Канада).

Почетокот на денешната програма од Грен слемот во Париз е во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ