Надал елиминиран по маратонски меч со Милер

Од:

Шпанскиот тенисер и четврти носител на Грен слемот Вимблдон, Рафаел Надал не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри, откако синоќа загуби од Жил Милер од Луксембург со 3-2 во меч кој траеше 4 часа и 50 минути.

Милер поведе со 2-0 (6:3 и 6:4), Надал возврати во третиот и четвртиот сет (6:3 и 6:4), а вистинска драма да се случуваше во решавачкиот петти сет кој траеше повеќе о два часа и му припадна на тенисерот од Луксембург со 15:13 во гемови.

Имаше Милер можност и порано да го заврши дуелот, но не искористи во два наврата по две меч топки, за тоа да му успее во 28.гем од петтиот сет кога ја искористи петтата меч-топка.

Жил Милер во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Хрватот Марин Чилиќ.

Денеска на програмата е последниот осминафинален меч во кој се среќаваат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Адријан Манарино (Франција). Почетокот е закажан за 13 часот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ