Над 140.000 луѓе може да ја гледаат Ф1-трката во Силверстон

Од:

Организаторите на трката во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија соопштија денеска дека во Силверстон ќе биде дозволено присуство на публика и максимален капацитет, што подразбира дека на трката ќе можат да присуствуваат повеќе од 140.000 луѓе.

Организаторите добија дозвола од британските власти за полн капацитет на гледалиштето, откако трката на патеката во Силверстон доби статус на пилот-проект за враќање на публиката на спортските натпревари во услови на пандемија на коронавирус.

– Сопствениците на влезници ќе мораат да покажат негативен тест на коронавирус не постар од 48 часови пред доаѓањето во Силверстон или потврда за извршена вакцинација, при што втората доза треба да биде примена најмалку 14 денови пред денот на почетокот на трката, информираа организаторите.

Минатата сезона во Силверстон се одржаа две трки од Светското првенство во Формула 1, и двете без присуство на публика.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес