На саемот во Франкфурт претставен „Сеат Леон СТ“

Од:

На авто-салонот во Франкфурт „Сеат“ ја представи новата генерација на моделот „Леон СТ“.

„Сеат Леон СТ“ за 2014 година е долг 4,54 метри, односно за 277 милиметри повеќе од хечбекот со пет врати.

Бидејќи двата модела делат исто меѓуосовинско растојание од 2.636 милиметри, дополнителната должина е искористена за да се зголеми багажниот простор. Автомобилот располага со запремнина на багажникот од 587 литри, што со спуштање на задните седишта се зголемува на 1.470 литри. Тоа, сепак, е нешто помалку отколку кај другите модели од „Фолксваген“ групацијата во оваа класа.

„Голф Вариант“ од седмата генерација нуди багажен простор од 605 литри, додека „Шкода Октавија Комби“ располага со 610 литри во својот багажник. Сите три модела се поставени на платформата „Фолксваген Ем-Кју-Би“.

Дополнителните сантиметри влијаеле и на зголемување на масата на возилото. Во основната верзија, „Сеат Леон СТ“ тежи 1.233 килограми, што е за 45 килограми повеќе во однос на хечбек моделот.

Како и повеќето современи автомобили со слична намена и новиот „Леон Караван“ покрај системот што го олеснува спуштањето на задните седишта има и можност за преклопување на наслонот на седиштето на совозачот, за полесно да се превезуваат предмети со поголема должина, како и дополнителен оддел за багаж во подот на гепекот.

Палетата мотори очекувано е преземена од хечбакот со три и пет врати. Во понудата ќе бидат пет бензински и три дизел погонски единици. Бензинците стартуваат со основниот 1.2-литарски ТСИ агрегат во верзиите со 86 КС (63 КW) и 105 КС (77 КW). Покрај него достапни се и 1.4-литарски ТСИ што развива 122 КС (90 КW) во послабата и 140 КС (103 КW) во посилната варијанта, као и 1.8 ТФСИ со 180 КС (132 КW) што е наменет за спортската ФР верзија.

Гамата дизелаши ја сочинуваат 1.6-литарскиот ТДИ со 90 КС (66 КW) и 2.0 ТДИ што, исто така, е достапен во две верзии, со 150 КС (110 KW) и 184 КС (135 КW), од кои последниот е резервиран за моделот „Леон СТ ФР“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска