На Русија и Катар може да им биде одземена организацијата на Мундијалите

Од:

Претседателот на Комитетот на ФИФА за усогласување и развој, Доменико Скала изјави дека на Русија и на Катар може да им биде одземене организацијата на светските првенства во 2018 и 2022 година, доколку се утврди дека имало поткупување при гласањето.

– Ако има докази дека наградувањето на Русија и на Катар, да бидат домаќини на наредните две светски првенства, е резултат на купени гласови, тогаш таа одлука може да биде поништена, вели Скала.

Во разговор за швајцарскиот неделник „Зонтагсцајтунг# овој висок функционер на Меѓународната фудбалска федерација вели дека, досега ФИФА нема валдини докази за тоа.

Скала направи слична забелешка и пред крајот на 2013 година, но по минатонеделните случувања во ФИФА, со апсењето на повеќемина поранешни и сегашни функциоенри, кои се дел од групата од 14 лица што американските правсудни власти ги обвинуваат за поткуп, рекетерство и перење на пари преку банки во САД, забелешките на овој функционер добиваат на својата сериозност.
Призанените на Американецот Чак Блејзер, дека прифатил поткуп за да гласа за изборот на Јужна Африка за домаќин на Мундијалот во 2010 година, ги предизвика швајцарските правосудни власти да отвора истрага и за одлуките за домаќините на Светските првенства во 2018 и 2022 година.

Изјавата на Доменико Скала доаѓа во време на засилена кампања во САД и Велика Британија против корупцијата во ФИФА и претседателот Сеп Блатер, кој само четири денови по повторниот избор, најави дека се повлекува од оваа функција, како и по „политичката“ кампања во британската јавност да се казни Русија, со одземање на организацијата на првенството, поради интервенцијата во Украина.
Веднаш откако Американците ја отворија својата истрага против ФИФА, на само два дена пред Конгресот на федерацијата, лондонските медиуми почнаа да пишуваат дека Англија е подготвена да ја преземе организацијата на Мундијалоте во Катар или во Русија.

Англиската фудбалска федерација беше кандидат за Мундијалот во 2018 година, но нејзната понуда пропадна уште во првиот круг од гласањето, откако ја доби подршката само од асоцијациите од британските острови. За СП во Катар, кандидати беа уште и САД, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ