На иБеј се појави Форд Мустанг СВТ Кобра, а станува збор за прототип, кој според зборовите на продавачот, не би требало ни да постои.
Сегашниот сопственик го продава за 21.995 долари, а се верува дека без овој прототип, популарниот Мустанг СВТ Кобра од 1996 година не би бил успешен.
Една година пред доаѓањето на продукцискиот модел, инженерите на Форд во мустанг Кобра ставија 4,6 литарски В8 мотор и така го направија прототипот претставен во 1995 година.
Со тоа шасијата, моторот и новиот Т-2Р диференцијал ги тестирале до граница, подготвувајќи се за производство на продукциската верзија следната година.
Прототипот е 3.629-ти од вкупно 4.005 автомобили користени за тестирање. денес, од сите прототипови е познато дека постои само овој, кој очигледно не ја имал судбината на останатите.