На Хамилтон не му беше дозволен влез во „Кралската ложа“

Од:

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон не доби дозвола за влез на финалето на Вимблдон поради непочитување на правилата за облекување.

Тој не можеше во живо да го гледа мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер затоа што не беше соодветно облечен.

Хамилтон пред почетокот на финалето се појави пред „Кралската ложа“ со ВИП покана, но без соодветно одело, па редарите на влезот му забранија да влезе на Централниот терен.

Формула 1 шампионот носеше кошула и шешир, но на себе немаше ниту сако ниту кравата што е задолжително за сите ВИП посетители.

На Вимблдон правилата за дрес кодот ригорозно се почитуваат.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес