Децениите конфлкти и воени судири на Блискиот Исток доведоа до тоа богатите клиенти од овој регион се повеќе да купуваат специјални блиндирани возила за да се заштитат и себе и членовите на своите семејства.
Според „Ал Арабија“, продажбата на блиндирани возила на Блискиот Исток значително порасна во последно време.
Компанијата „Armoring Corporation“ од Тексас соопшти дека во текот на последните три години продала за 15 отсто повеќе билиндирани возила на пазарите на земјите од овој дел на светот.
База на новите приватни клиенти кои купуваат вакви автомобили ја прават имотни директори, биснисмени и сопственици на компании, кои сакаат да се заштитат од можен вооружен напад, но и од евентуално киднапирање.
– Кога имате доволно пари за такво нешто, несфатливо е да не се вложат во вашата безбедност и безбедноста на вашето семејство. Ако вашиот бизнис или имот вредат 10 милиони долари, 200.000 долари издвоени за автомобил што ќе ви го зачува животот претставува безначајна сума, објаснува Џејсон Форстон, потпретседател на компанијата „Armoring Corporation“.
Фирмите кои се занимаваат со производство на вакви возила одлично делуваат во земјите како Сирија, Либија, Ирак, Либан, Јордан и Јемен. Се проценува дека во овие држави годишно се продаваат околу 3.000 билиндирани возила.
Во компанијата „Yaka“ од Либан, која се занимава со продажба на блиндирани автомобили, велат дека околу 10 отсто од нивните клиенти на овие пазари се приватни купувачи, додека во Сирија овој процент се качува меѓу 50 и 70 отсто. Ако дојде до воена интервениција на САД во оваа земја, се очекува вистински бум во продажбата.
– Во тој случај, Сирија ќе стане како Ирак и ќе се создаде пазар за дополнителни 1.000 до 1.500 возила, тврдат во фирмата „Yaka“.
Проценката е направена врз основа на резултатот од продажбата во пост-конфликтните земји како Либија, Ирак и Авганистан.
Сепак, во продажбата на блиндирани автомобили на американските компании постои едно ограничување. За тоа дали и кому може да се продаде едно такво возило последниот збор го дава американската влада.
– Ако се процени дека блиндираниот автомобил може да се злоупотреби во „мрачни цели“, се скратува дозволата за подажба. ие не продаваме наши возила на „лоши момци“, велат од ексашката компанија „Armoring Corporation“.