МЗТ со пораз се враќа од гостување кај Зрињски

Од:

МЗТ Скопје со пораз од 93:87 се враќа од гостување кај Зрињски во Мостар во рамките на 5. коло во АБА лигата.

Кошаркарите на МЗТ уште во првата четвртина покажаа слабост и по десет минути игра им дозволија на домаќините да направат високо водство 25:16.

Слабото издание на македонскиот тим продолжи и во втората четвртина, а Зрињски на паузата замина со предност од 51:36.

МЗТ во третиот период се обиде да се врати во игра и да ја анулира разликата, но домаќините ја задржаа контролата над играта и не дозволија изненадување задржувајќи ја високата предност 25:20 (76:56).

Во последните десет минути кошаркарите на МЗТ покажаа поконзистентна игра и сериозно ја намалија разликата, но Зрињски не дозволи пресврт и натпреварот го доби со 93:87.

Во рамките од шестото коло МЗТ ќе го пречека тимот на Сплит.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски