МЗТ Скопје се надева на триумф против Морнар

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва (18 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Морнар и се надеваат дека можат да дојдат до втората победа сезонава во АБА лигата.

Гостите од Бар се во низа од пет порази, од кои три во АБА. Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, верува дека македонскиот тим може да стигне до успех.

„Против себе имаме тим кој одлично ја отвори сезоната, но кој влезе во резултатска криза поради што во Скопје ќе бара враќање на победите. Главните играчи им се бековите Расел и Михаиловиќ, но одлично се пополнети и на останатите позиции. Морнар е предводен од одличен тренер кој сигурно ќе се обиде да смисли начин како неговата екипа повторно да почне да победува, но наше е да ги спречиме во тоа. Очекувам добар меч во кој треба да покажеме агресивност во одбраната и во нападот да одиграме на ниво како против Студентски Центар. Ако го сториме тоа и ако имаме најмлаку иста поддршка од трибините, тогаш верувам дека ќе дојдеме до целта, а тоа е значаен триумф“, вели тренерот на „металците“, Александар Петровиќ.

Поранешниот член на Морнар, Страхиња Миќовиќ, сега е еден од адут на МЗТ Скопје.

„Зад нас е серија на тешки натпревари против најголемите фаворити во лигата во кои за жал не успеавме да изненадиме, но добро е што победивме против Студентски Центар со што покажавме дека можеме адекватно да се носиме со ова натпреварување. Токму тој дуел треба да ни биде патоказ како да одиграме и против Морнар. Очекувам одлична енергија како на таа средба и мислам дека тоа е клучот за евентуалниот успех. Добро го познавам противникот, знам како размислува нивниот тренер и како инсистира на брза игра со многу шутеви за тројка. Ако ги сопреме нивните бекови тогаш ќе бидеме многу поблиску до триумфот“, вели Миќовиќ.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје Аеродром ја освои 11 шампионска титула

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Катерина Ѓуровски

Историско финале за Феникс

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на Купот

Петровиќ: Во првото полувреме одбраната ни беше шуплива како сирење