МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на Купот

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во финалето на македонскиот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако во првото денешно полуфинале го совлада ТФТ со 102:61.

Аеродромци вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје имаа своевидно шутерско шоу кое веќе на полувремето им донесе предност од 22 разлика (53:31).

Оваа победа на МЗТ Скопје беше вистински реванш за поразот од ТФТ во ланското финале.

Дури шест кошаркари во победничкиот тим имаа двоцифрен број поени. Од нив најмногу постигна капитенот Дамјан Стојановски – 18. Во тимот од скопската населба Тафталиџе се истакна Џермејн Бишоп со 15 поени.

Во второто полуфинале вечерва ќе играат Пелистер и Феникс.

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје Аеродром ја освои 11 шампионска титула

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Катерина Ѓуровски

Историско финале за Феникс

Петровиќ: Во првото полувреме одбраната ни беше шуплива како сирење

МЗТ Скопје се надева на триумф против Морнар