МЗТ Скопје гостува во Гевгелија

Од:

Шампионот МЗТ Скопје вечерва гостува во Гевгелија кај Кожув во рамки на 6. коло од кошаркарската Супер лига. МЗТ Скопје има биланс од 5 победи од исто толку натпревари, додека гевгеличани кои имаат скор 3-2, првиот дел од шампионатот го завршија на лидерската позиција. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

На другите два натпревара од 6. коло играат: Лирија – Работнички и Куманово – Фени Индустри.

Табела: МЗТ Скопје 5-0 (победи-порази), Работнички 3-2, Кожув 3-2, Фени Индустри 2-3, Лирија 1-4, Куманово 1-4.

Попладнево се игра и дуелот од 5.коло од плеј аут лигата. Струмица ја пречекува екипата на Пелистер Спорт од Битола.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он