МЗТ Скопје гостува кај Нижни Новгород во меч од Еврокупот

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе го игра третиот натпревар во Еврокупот. Аеродромци попладнево во дуел од 4.коло на А групата, гостуваат во Русија кај екипата на Нижни Новгород.

МЗТ во првите два дуели од ова натпреварување загуби на гостувањето кај литванскиот тим Лиеткабелис, а потоа и пред својата публика од хрватскиот шампион Цедевита.

Екипата на Нижни Новгород има половичен учинок досега. Загуби убедливо на домашен терен од шпанската Гран Канарија, додека на гостувањето во Литванија се радуваше на победа.

Руската екипа пред три сезони стигна до полуфиналето на ова натпреварување, лани беше елиминирана во четвртфиналето, а сезоната 2014/15 играше во Топ 16 фазата на Евролигата.

Натпреварот Нижни Новгород – МЗТ Скопје ќе започне од 17 часот, а вториот натпревар од оваа група меѓу Гран Канарија и Лиеткабелис ќе се игра во терминот од 21 часот.
Слободна во ова коло е екипата на Цедевита.

Табела: Гран Канарија 2-0 (победи-порази), Лиеткабелис 2-1, Нижни Новгород 1-1, Цедевита 1-2 и МЗТ Скопје Аеродром 0-2.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос