МЗТ Скопје го совлада Борац Чачак

Од:

МЗТ Скопје оствари убедлива победа против Борац Чачак од 82:57 во натпреварот од второто коло од АБА 2 лигата.

Македонскиот тим ја оправда фаворитската улога и доминираше на теренот во текот на целиот натпревар.

Кошаркарите на МЗТ на паузата заминаа со високи 14 поени предност (40:26), а Борац до крајот на натпреварот се обидуваше да ја намали предноста.

МЗТ не дозвоили изненадување и стигна до втората победа сезонава во регионалното натпреварување. Во претходното коло тимот од Аеродром го совлада Хелиос.

Лестер Медфорд со 18 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ.

Во третото коло македонскиот тим ќе гостува кај Приморска.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

ТФТ со пораз од Горица ги загуби шансите за плејоф во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

НЛБ Групација и АБА Лига ј.т.д. – Заедно пишуваме ново регионално поглавје во кошарката

Ана Ололовска

Трет пораз на Пелистер во АБА 2 лигата

А1он

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска