Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј-офот откако вечерва на домашен терен го победија Куманово со 94:79 (30:19;22:21;23:21;19:18).
Актуелниот шампион МЗТ Скопје водството го имаше во текот на целиот натпревар. Најефикасен на дуелот беше Стефан Синовец од МЗТ Скопје со 25 поени, а кај Куманово најмногу поени постигна Александар Костоски 20.
Следниот натпревар од финалната серија се игра во Куманово во недела од 19 часот.