МЗТ по титула, Куманово по продолжување на финалната серија

Од:

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечер од 19 часот го пречекува Куманово во третиот дуел од финалето на кошаркарскиот плеј-оф.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде последен доколку домаќините забележат победа, во спротивно серијата продолжува во Куманово.

По двете победи на првите два дуела, аеродромци најавуваат трет триумф во финалето што би значело четврта последователна титула.

Куманово го игра во своето второ финале, а голема шанса за прва победа над МЗТ пропушти во неделата на свој терен, но од клубот најавуваат дека нема предавање и покрај тоа што досега ниту еден тим во историјата на македонската кошарка не се вратил по негатива од 2-0 во победи.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ