МЗТ по шампионски хет-трик, Работнички за продолжување на серијата

Од:

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ја има првата меч топка за одбрана на титулата. Противникот на „аеродромци“ во финалната серија од плеј-офот, тимот на Работнички кој во четвртиот дуел ја има улогата на домаќин ќе се бори за останување во игра и со евентуална победа да обезбеди мајсторка.

Моменталниот резултат е 2-1 во победи за МЗТ во серијата прв до три.

МЗТ Скопје Аеродром го освојуваше шампионскиот трофеј во претходните две години, а вечерва за првпат ќе има шанса титулата да ја освои во Скопје. Претходно „сино-белите“ се радуваа во Кавадарци против Фени Индустри и во Гевгелија против Кожув.

Од друга страна, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички со 14 трофеи, последен пат на тронот бил во 2009 година.

Почетокот на натпреварот број 4 од финалето во плеј-офот е во 19 часот и 30 минути. Сите дуели од финалната серија се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос