МЗТ без повредениот Вудард на гостувањето во Мостар

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утрешното гостување во Мостар против Зрињски во АБА 2-лигата ќе го играат без повредениот Џејмс Вудард.

Американецот има повреда на скочниот зглоб од саботниот дуел со Вардар. Но и покрај тоа, тренерот Ѓорѓи Кочов, е оптимист и очекува победа.

– Играме против шампионот на БиХ, кој иако има скор 0-4, сепак, е силна екипа со голем број искусни кошаркари во ростерот. Зрињски ги има Бакиќ, Рамњак, Шутало, Тодоровиќ, Соколовиќ, играчи кои зад себе имаат многу вакви мечеви и кои можат да бидат опасни буквално за секој противник. Ние, пак, ќе бидеме ослабени со неиграњето на Американецот Вудард, кој мора да паузира неколку дена. Очекувам ова да биде тежок меч со голема борба и неизвесност. Ќе решаваат ситници. Се надевам дека ќе ги искористиме сите слабости на противникот, како во одбрана така и во нападот и дека ќе дојдеме до победа, изјави Кочов за клупскиот сајт на „сино-белите“.

МЗТ Скопје во моментов е на третата позиција на табелата со учинок 3-1.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски