Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот трениг по враќањето од Италија, а во пресрет на пресметката со Португалија која ќе реши која селекција ќе оди на Светското првенство во Катар.
– Мора да се потрудиме многу, знаеме дека ова е можеби шанса која ќе ја имаме еднаш во животот. Мора да дадеме максимум и да се потрудиме да победиме, па така ќе испишеме нова историја за нашиот фудбал. Секој нов меч е различен од претходниот, но знаеме дека не чека многу тежок меч, со многу притисок и на наша и на нивна страна. Португалија е фаворит на хартија, сите го велат тоа. Но, ние не мислиме така. Знаеме за каков квалитет се говори. Италија исто имаше квалитет како европски првак, па така сметам дека и ние не сме без никакви шанси во финалето“ – вели дефанзивецот Висар Муслиу.
Финалето од баражот за место на Мундијалот во Порто е закажано за во вторник. Нашиот национален тим утре патува за Португалија.