Мурињо во Барселона најде десен бек

Од:

Жозе Мурињо ,во зискиот преоден рок, ќе мора да го засили тимот со десен бек, откако му порача на Касдорп дека кај него нема да игра. Според медиумите изборот на Мурињо е играчот на Барселона, Хектор Белерин.

По единаесет години поминати во Арсенал, Белерин на почетокот на оваа сезона пристигна во Барселона како слободен играч, но не ги оправда очекувањата. Чави е разочран од него. Белерин настапи на само пет натпревари од почетокот на сезоната.

Според договорот што го има со Барселона, тој на крајот од сезоната повторно ќе биде слободен игра.

Чави не сака да му понуди нов договор, а сигурно е дека сите во Барселона би сакале да заработат барем нешто од него и да го продадат на зимскиот пазар.

Според медиумите од Апенините, Мурињо веќе договорил се со Белерин, но прашање е дали ќе успее да го доведе во јануари.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Суспензијата на Мурињо е преполовена

А1он

Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, најавија и кривична постапка

А1он

Мурињо би можел да го наследи Анчелоти во Реал

Мурињо го сака Ерик Баи во одбраната на Рома

Мурињо: Повеќе ми е важен насмеаниот навивач отколку мојата слава

А1он

Мурињо има намера со Рома да ја освои Конференциската лига

А1он