Мурињо: Сакам да се вратам на клупа ова лето, веќе одбив неколку предлози

Од:

Жозе Мурињо откри пред „Беин Спортс“ дека ќе се врати во тренерската професија во текот на летото. Тој рече дека има идеја за тоа во кој клуб сака да работи, и веќе отфрлил неколку предлози.

Тој, исто така, зборуваше за својот престој во Интер, каде што во 2010 година освои „требл“.

– Интер ја немаше освоено Лигата на шампионите речиси 50 години. Цела генерација на интеристи сонуваа за тоа. Претседателот Масимо Морати беше син на последниот претседател кој го крена трофејот. Значи, тоа беше и неговиот сон. Во тоа време, клубот имаше генерација на играчи кои освоија неколку титули во Италија, кои исто така играа за триумф во Лигата на шампионите. Тоа беше многу силен тим, но исто така беше и семејство. Сите имавме сон и тешко се боревме за да го постигнеме тоа. Ова семејство го заслужи овој требл. Тоа беше фантастично, рече Мурињо.

Многу гласини го поврзуваат со враќањето во Интер во лето на местото на Лучано Спалети.

– Три и пол месеци бев надвор од работа и се подготвувам повторно да се вратам на клупата. Кога сте дел од фудбалот, заедно со прес-конференции, дуели, видео сесии, анализа на натпревари и секојдневни проблеми, нема време за вас и вашето семејство. Затоа ги користев последните месеци за повторно даги наполнам батериите. Тренерската професија е посебна и уживам во секојдневната работа. Сакам да се вратам во лето. Знам точно што не сакам да работам и веќе одбив неколку предлози. Во исто време знам што сакам. Не можам да именувам име на одреден клуб, но знам каква работа барам и каков клуб би водел. Знам што сакам и се надевам дека ќе го добијам, додаде Португалецот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ