Мурињо подготвен да се врати во Реал, но постави два услови

Од:

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, е подготвен повторно да го предводи Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми. За да се случи тоа, раководството на „кралскиот клуб“ мора да исполни два услови.

Клупските лидери не се задоволни од настапите на тимот предводен од Сантијаго Солари. Викендот Реал на „Сантијаго Бернабеу“ загуби Реал Сосиедад со 0:2.

Според „Мундо Депортиво“, претседателот на клубот Флорентино Перез веќе имал разговори со Португалецот.

Мурињо е подготвен да се врати во Мадрид, но постави два услови. Тој сака Реал во зима да се засили со централен играч од средниот ред и напаѓач.

Реал Мадрид е петти во шпанската Примера со 30 поени во 18 натпревари. Мурињо беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во текот на сезоната. Тој веќе работеше во Реал Мадрид од 2010 до 2013 и го освои шпанскиот шампионат, купот и Супер купот со тимот.

Претходно беше објавено дека Мурињо ја одби понудата да стане тренер на Бенфика.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он