Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, не се откажува од идејата да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи. Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска е миленик на „специјалниот“ уште од неговото време на „Олд Трафорд“ и сега сака повторно да соработува со него во Рим.
28-годишниот Баи долго време е резерва во Манчестер Јунајтед и клубот не би имал ништо против да се раздели со него. Минатата сезона забележа само четири настапи во Премиерлигата.
Фудбалерот има договор до 2024 година со опција за продолжување на уште една година. Желбата на Рома е да го ангажира дефанзивецот на позајмица со опција за откуп.
Извор: Топспорт