Мурињо го потврди својот став за продолжувањето на Премиер лигата

Од:

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо издаде изјава во која го објаснува неговиот став за продолжување на сезоната во Премиер лигата.

Вчера, менторите на сите елитни клубови одржаа конференциски повик организиран од Здружението на менаџерите.

Синоќа некои медиуми објавија дека Португалецот се залага за одложување на рестартирањето.

Mеѓутоа, „Мирор“ откри дека ставот на Мурињо е точно спротивен и тој беше еден од менаџерите кој најитно сакал првенството да се обнови.

Ова е точно она што го потврди самиот Португалецот.

– Мислам дека мојата позиција за време на средбата не беше одразена во некои извештаи. Не сакав никакво одложување. Сакам да тренираме и очајно сакам Премиер лигата да продолжи што е можно поскоро кога ќе биде безбедно. Особено кога гледаме други првенства, кои се подготвуваат да се вратат во акција, рече Мурињо во изјавата испратена до медиумите на Островот.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра