Мурињо ги коментираше гласините за Њукасл

Од:

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо, со скептицизам гледа на клубовите кои се борат за место во средината на табелата во Премеир лигата. Претходно беше објавено дека Мурињо е еден од кандидатите за функцијата тренер во Њукасл, откако место остана испразнето по заминувањето на Рафаел Бенитез.

– Мојата задача е секогаш да играм за да победам. Не сакам ако е поинаку. Кога тимот губи, тоа е проблем за мене. Се разбира, ова е проблем за играчите, клубот … Би сакал да работам во проект каде што ќе има чувство дека играме за да победиме. Да, можете да ми понудите договор за 10 години и да ја поставите задачата да го освоиме седмото или осмото место, но ова не е за мене. Мојата цел е да се борам за врвот, изјави Мурињо во интервјуто за „Гласот на тренерот“.

Педесет и шест годишниот Мурињо е без тренерски ангажман од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер јунајтед. Претходно работеше во Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Леира и Бенфика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он