Мундијалите 2018. и 2022. Остануваат во Русија и во Катар

Од:

Генералниот секретар на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Жером Валке изјави дека Мудијалите 2018 и 2022 ќе бидат одржани во Русија и во  Катар и покрај корупциките афери поврзани со изборот на домаќин на овие Светски првенства.

– ФИФА е жртва и таа поднесе жалба до швајцарското судство, изјави Валке и потсети дека „Куќата на светскиот фудбал“ на 18 ноември поднесе жалба поради сомневање за перење пари околу организацијата на овие првенства.

ФИФА деновиве ја тресе голам корупциски скандал. Швајцарските власти во средата по барање на САД уапсија неколку нејзини високи функционери во рамките на истрага за корупција, што претставува најголем скандал во 111-годишната историја на оваа организација.

Сепак, тоа не влијаеше претседателот Сеп Блатер синоќа да биде ре-избран на функцијата.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи