Мукаетов воодушевен од Лазаров, ги отфрли шпекулациите за Брумен

Од:

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов во интервјуто за порталот „Екипа“ изјави дека е воодушевен од начинот на кој капитенот Кирил Лазаров ги предводеше соиграчите до големиот бод на гостувањето во Чешка каде Македонија во еден момент имаше осум голови негатива.

– Воодушевен сум од капитенот Кирил Лазаров кој особено на овој меч покажа што значи вистинско лидерство и го крена тимот кога тоа беше најпотребно. Горди сме што во нашите редови имаме не само репрезентативец од светски калибар туку и извонреден мотиватор. Извонреден беше и Борко Ристовски кој публиката во Злин и целата македонска ракометна јавност ја почести со своето маестрално роденденско издание. Да не ги заборавиме и Филип Миркуловски и останатите носители на репрезентативниот дрес кои уште еднаш покажаа како треба да се бориме со сите сили и со цело срце за достојно да ги претставиме боите на Македонија, вели првиот човек на РФМ.

Мукаетов ги демантира и пишувањата на дел од медиумите во Македонија за наводна натурализација вардаровото десно крило, Словенецот Матијаж Брумен.

– Матијаж Брумен е извонреден играч од светска класа, но не е во нашите планови за СП во Катар, истакнува во интервјуто за „Екипа“ претседателот на РФМ.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он