МТКФ одржа семинар во Грција

Од:

Во организација на Македонската традиционална карате федерација од 18 до 26 јуни 2017 година во Неа Флогита, Грција се одржа 50. летен карате семинар и турнир “Неа Флогита 2017“. На семинарот учествуваа вкупно 68 каратисти од Македонија, Грција и Србија.

Семинарот го водеа Проф. Венцислав Недев 9 дан и м-р. Дејан Недев 6 дан.

Тренинзите се одвиваа два пати дневно сабајле и напладне на плажа. Овој семинар беше и подготвителен за членовите на државната репрезентација кој од 3 до 5 ноември 2017 година ќе настапат на Светскиот фудокан карате шампионат во Клуж, Романија и од 1 до 3 декември 2017 на Обединетиот Светски Карате Шампионат во Монтекатини, Италија.

На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир “Неа Флогита 2017.

Победници по категории:

Јуниори –кадети кати и кого-кумите: Бојан Богдановиќ;

Јуниори-кадетки и кого-кумите: Мила Саздовска;

Кати деца од 10-14 години и Кихон Ипон Кумите: Димитар Влахо;

Кати деца од 6-9 години и Кихон Ипон Кумите: Слободанчо Костов и Мила Младеновска.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје