Македонската федерација за традиционално карате (МТКФ) денеска ги награди најдобрите за 2014 категорија.
Во сениорска конкуренција признанијата ги понесоа Аљоша Недев, Јадранка Недева Јарчевска, Матеј Ангеловски и Дејан Недев.
Најдобар каратист јуниор/младинец е Александар Крстев.
Во кадетска конкуренција наградата му припадна на Огнен Тасевски.
Најдобри каратисти деца: Матеј Јарчевски, Катарина Дробниќ, Ана Крстевска, Мила Саздова, Берта Милевска, Сара Киселовска, Антонија Белазелкоска, Јелена Дробиќ, Леонид Киселовски, Бобан Митровски, Филип Томовски, Драко Томовски и Јана Милевска.
Селекторот на МТКФ Венцислав Недев е прогласен за тренер на годината.
За најдобри судии прогласени се Антонио Зврцинов и Драган Томовски.