Морезмо повеќе не е тренер на Мареј

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј, денес објави дека го раскинува договорот со тренерот Амели Морезмо по речиси две години на соработка.

Трет тенисер на светот изјави дека многу научил од Морезмо со која дошол до заеднички став дека е време да заврши нивната меѓусебна соработка.

– Последните две таа имаше големо влијание врз мирот во мојот тим и многу ќе ми недостасува. Амели беше од непроценливо значење за тимоти и се заблагодарувам за нејзиниот придонес. Во иднина ќе ги разгледам следните чекори, соопшти Мареј.

Британецот за време на соработката со некогашната прва светска тенисерка освои седум титули.
Мареј остана без тренер, само еден ден по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерс Мадрид со 6:2, 3:6 и 6:3.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ