Монг Јун се кандидира за претседател на ФИФА

Од:

Поранешниот потпретседател на ФИФА, Јужнокореецот Чунг Монг Јун, и официјално ја објави својата кандидатура за наследник на Сеп Блатер на чело на Светската фудбалска организација. Тој вети дека ќе ја исчисти ФИФА од корупција доколку биде избран на функцијата.

-ФИФА се наоѓа во длабока криза, а во такви околности нејзиниот нов претседател треба да работи како кризен менаџер и реформатор. Проблемот на ФИФА е што нејзините функционери сакаат да го затскријат криминалот, а не и да го искоренат. Клучната причина за корупцијата е тоа што со организацијата веќе 40 години владее една иста личност, изјави Монг – Јун.

Изборите за нов претседател на ФИФА ќе се одржат на 26. февруари идната година.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи