Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ќе купи малцински удел во Свонси, фудбалскиот клуб од Велс кој настапува во Чемпионшип, пренесува фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Таа одлука нема да влијае на плановите кои ги има со Реал Мадрид, со кој има договор до крајот на сезоната.
Свонси е велшки клуб, основан во 1912 година.
Тие сега се наоѓаат на 12-то место во поредокот во втората по квалитет лига на Островот, со 54 бодови, осум помалку од тимовите во плеј-офот кои се борат за влез во највисоко ниво.
Од 2011 до 2019 година беше редовен член на Премиерлигата, но оттогаш не може да се врати во елитата.
Модриќ е член на Реал од 2012 година и го држи рекордот со 28 освоени трофеи.