Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Од:

Јапонската компанија „Сузики“ го промовираше новиот „Свифт“, кој за разлика од претходните модели на овој бренд има пет врати.

Продажбата на новиот модел во Јапонија почнува денеска, додека европската премиера се очекува на Саемот за автомобили во Женева. Сепак, продажбата во Европа не се очекува да почне се до крајот на летото.

Новиот „Сузуки Свифт“ е долг 3,84 метри, но наместо досегашните три врати има пет, со цел да ги следи потребите на купувачите и трендовите во последните години. Сепак, рачките за задните две врати се добро маскирани и речиси не се забележуваат.

Новиот „Сузуки Свифт“, исто така, поседува камери и ласерски сензори за предвидување на судар и навремено кочење. Тој поседува и темпомат за одржување на растојание од возилата пред него.

„Свифт“ е исклучително успешна приказна за „Сузуки“. Од лансирањето на овој модел во 2004 година, во светот досега се продадени 5,3 милиони возила од овој бренд. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ

Германскиот гигант „Мерцедес“ ќе вложи десет милијарди евра во електроавтомобили

Емир Латифовиќ