Младите од КК „Урбан инвест“ освоија златни, сребрени и бронзени медали на „Струга опен 2013”

Од:

Mладите каратисти од карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци на 10-от меѓународен турнир „Струга опен 2013” кој се одржа викендов освоија 7 златни, 5 сребрени и 5 бронзени медали, информираше денеска тренерот на клубот, Ивана Аврамова.

– На натпреварот учествуваа 241 натпреварувач од 35 клуба од Македонија, Албанија и Косово. На турнирот учествувавме со 14 натпреварувачи. Го освоивме пехарот за трето место во генералниот пласман, изјави Аврамова.

Златни медали во категоријата кати поединчено освоија Владанка Аврамова, Петар Аврамов, Игор Јовков и Моника Коч. Со злато се закитија и ката тимовите составени од каратистки родени 2002/2003 година, како и каратистки и каратисти родени 2000/2001 година.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје